Во кумановската полиција се пријавени два посебни случаи на исчезнати лица – се трага по 16-годишно девојче и 44-годишен маж

209

Во Кумановската полиција синоќа се пријавени два посебни случаи на исчезнати лица. Се работи за 16-годишно девојче и 44-годишен маж.

„Во 22.30 часот А.Б. (46) пријавил дека неговиот брат Б.Ф. (44) се оддалечил од неговиот дом на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово и подолго време го нема. По полноќ  С.Т. (52) од Куманово пријавил дека неговата ќерка С.С. (16) од Куманово се оддалечила од нејзиниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти СВР Куманово.

ИЗДВОЕНИ