Откриената лабораторија за штанцање лажни лични документи во Косово ја надополнува алката на организиран ланец измамници, кои со подигнување кредити или пари од шалтер со лажни лични документи, ги оштетуваат граѓаните во регионот. Според нашите сознанија, најчесто тоа го прават лица, неретко жени, од Косово и од Бугарија. Лажните документи се вешто печатени со слика од измамниците и со украдените податоци. Честите апсења на фалсификатори покажуваат дека има многу групи на Балканот што се занимаваат со креирање лажни документи. Со воведувањето на личните документи со биометриски податоци, криминалците сѐ повеќе почнаа да ги користат вистинските патни исправи и да ги менуваат за свои потреби
Честите апсења на фалсификатори покажуваат дека има многу групи на Балканот што се занимаваат со креирање лажни документи. Со воведувањето на личните документи со биометриски податоци, криминалците сѐ повеќе почнаа да ги користат вистинските патни исправи и да ги менуваат за свои потреби. Или станува збор за изработка на документи во кои внесуваат туѓи идентитети или нелегално се купуваат легални документи, под нивните вистински или лажни имиња, со помош на корумпирани службеници.
Измамник од соседството бил фатен во небрано, на банкарски шалтер, во обид да подигне пари. Во моментот кога службеникот го прашал која е неговата адреса на живеење, измамникот чија слика стоела на личните податоци, панично избегнал во страв од алармирање за фалсификуваната исправа. Ова е само еден од случаите што ѝ се познати на јавноста за подигање кредити или пари од шалтер со лажни лични документи. Според нашите сознанија, најчесто го прават тоа лица, неретко жени, од Косово и од Бугарија. Лажните документи се вешто испечатени со слика од измамниците и со украдените податоци. За измамите со злоупотреба на личните податоци за подигање брзи кредити пишуваа од медиумот ИРЛ. Тие открија дека лажните лични карти биле правени во Косово и во Албанија и оти биле со врвен квалитет, а постоел и т.н. црн пазар за купување украден идентитет. По наводите дека постои криминална група во земјава што краде идентитети дури и на луѓе од ранливите категории и по пријавите од оштетените, во Јавното обвинителство се водат неколку постапки за подигање пари со фалсификувани документи. Лесната комуникација, поради блискоста на јазикот со земјите од соседството, направиле погодна почва за криминалците.
Откриена лабораторија за штанцување лажни лични документи во Косово
Дали последната полициска акција во Косово, на запленување илјадници фалсификувани лични документи, ќе се поврзе со злоупотребите на лични податоци во земјава, ќе покаже истрагата на косовското Обвинителство. Полицијата откри софистицирана лабораторија во Приштина, каде што се изработувале фалсификувани лични карти, пасоши и возачки дозволи. Во домот на уапсениот биле пронајдени повеќе од 20 илјади микрочипови и илјадници лажни документи од 51 различна земја во светот. Полицијата дошла до импровизираната лабораторија за штанцување лажни документи откако го запрела возачот на комбе, од кое биле запленети вкупно 16 куфери полни со бланко хартија за печатење, црвени корици за пасоши, проѕирна леплива фолија, метални жигови со националните обележја на Бразил, Србија, Германија, Украина, Хрватска.
– Возачот со иницијали Ф.К. е уапсен и му е одредена мерка притвор од 30 дена. По интензивни истраги, откриена е куќа во Приштина што служела како софистицирана лабораторија за изработка на фалсификувани документи како пасоши, лични карти и возачки дозволи. При полициската рација, запленети се релевантни докази како ласерски машини, печатачи, над 20.000 микрочипови и илјадници документи од 51 различна земја во светот – се наведува во соопштението на косовската полиција.
Приведениот, во Приштина, ќе одговара за фалсификување документи и за организиран криминал.
Пред неколку години, полицијата откри група криминалци во Прилеп, кои аплицирала за потрошувачки кредити во банка со фалсификувани лични карти и со лажни документи дека се вработени во државни институции. Дел од нив успеале да ја прелажат банката, која исплатила четири кредити од околу 47 илјади евра. (П.А.)