Во Кисела Вода се чистат атмосферските шахти

47

За да се превенираат можни штети од најавеното големо невреме за денеска, Општина Кисела Вода презема активни мерки за чистење на атмосферските шахти.

Од Општина Кисела Вода информираат дека тимовите на општината се на терен и интензивно работат на чистење на сите шахти, со цел да се обезбеди нормален проток на вода и да се спречат евентуални поплави. 

-Како локална самоуправа редовно спроведуваме активности за одржување и чистење на јавните површини, но се делува и вонредно, во услови кога имаме најава за можно невреме , како што е случајот денеска – соопштија од Општината .

Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски ги уверува граѓаните дека се прави сѐ што е во можност на локалната самоуправа за да се заштитат од евентуалните последици на најавеното невреме.

-Превенцијата е клучна и затоа денеска сите тимови на општината се мобилизирани и подготвени да реагираат на предизвиците кои би можеле да се појават за време на најавеното невреме. Наша прва и најважна обврска е да ги заштитиме нашите граѓани и нивните имоти. Ве уверувам дека ќе направиме сѐ што е во наша можност да го минимизираме ризикот од поплави и други штети-изјави Ѓорѓиевски.