Во Кавадарци ќе се отвори отсек за медицински сестри

47

Кавадарци ќе добие отсек медицинска сестра во средното образование, најави претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, на последната седница.

– Баравме отсек медицинска сестра, нашето барање помина на Комисијата за стручно образование при Министерството и останува само уште министерката за образование и наука, Весна Јаневска, да потпише указ. Очекуваме да се случи тоа до крајот на овој месец – појасни Рамов за МИА.

Тој истакна дека јавноста го поздравува ова и дека е за општо добро.

 

ИЗДВОЕНИ