Во кавадаречко Михајлово се отвора нов скијачки центар/ФОТО

444

Новиот ски центар во кавадаречко Михајлово официјално ќе биде отворен на 1 јануари 2025 година, а првата скијачка патека ќе го носи името „Македонија“, најави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија!

Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека.

Нова година, нов успешен почеток!

Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата“, напиша Јанчев на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ