Оброкот се дели во рамки на настанот „Никој не треба да биде сам за Бадник и Божиќ”, што Општината го организира по трети пат, во пресрет на божиќните празници, заедно со неколку општествено одговорни компании.
Започна традиционалниот заеднички ручек на Бадник со нашите сограѓани на кои им е потребно малку радост, дружење и среќа. Приготвен од вештите раце на најголемите мајстори во кујната. Затоа што магијата на божиќните празници е токму во споделувањето на заеднички моменти, напиша на својот фб профил градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, посакувајќи им среќен Бадников ден на граѓаните на Кавадарци.