Во Канада е откриен првиот случај на инфекција со вирус на птичји грип кај луѓе

28

Канадската провинција Британска Колумбија соопшти дека на нејзина територија е откриен првиот случај на инфекција со вирусот на птичји грип H5 кај луѓето, што е и прв таков случај во Канада.

Во соопштението се наведува дека станува збор за тинејџер кој се лекува во детска болница, пренесе Ројтерс.

Се нагласува дека се истражува можниот извор на заразата и се наведува дека најверојатно се работи за некое животно или птица, пренесува Танјуг.