Олово, пестрициди и потенцијано штетни бактерии се пронајдени во текот на истрга за канабисот што се продава во полулегални кафулиња во Холандија, пишува The Guardian.
Истражувањето, чија цел било да се воспостави „основно ниво“ на типични загадувачи, го спроведе Холандскиот факултет за ментално здравје и зависности (Trimbos institut).
Резултатите ќе послужат како основа за пробната програма која започнува во мај, а во текот на која во продавниците во 10 општини ќе се продава канабис прозиведен од лиценцирани одгледувачи и подложен на ограничувањата поврзани со загадувачи.
Истражувачите тестирале 50 примероци канабис, вклучително со смолата и цветовите, купени од случајно избрани продавачи. Еден од пет примероци содржел „микробилошки престапи“ како бактеријата стефилококус ауреус или остатоци од габи, додека траги од пестициди биле пронајдани во речиси третина од примероците.
Примерок од хашиш содржел речиси три пати повеќе олово од дозволената количина во канабисот продаван во текот на пробната програма. „Да, во канабисот има загадувачи“, изјави Пиетер Оомен, аналитички хемичар и истражувач на холандскиот пазар на дроги. „Пронајдовме повеќе видови пестициди, повеќекратни случаи на микробилошки загадувачи и еден примерок кој создржи олово“.
Иако туристите доаѓаат во Холандија под впечаток дека канабисот е потполно легален, од 1976 година политиката на толеранција едноставно значи дека продажбата на хашиш и марихуана е дозволена во регуларните кофи-шопови. Меѓутоа, со оглед на тоа дека одгледувањето повеќе од пет билки е илегално, продавниците мораат да купуваат од илегални добавувачи, што предизвикува загриженост поради поттикнување на криминал.
Регулираната пробна програма со канабис има за цел да се елеиминираат криминалните канали и да се намали присуството на нечисти материи. Десет одгледувачи поминале низ криминалистичките проверки и ќе добијат дозвола за обезбедување на продавниците вклучени во програмата, а четири веќе се подтотвени за достав. Нивните производи ќе бидат тестирани со цел да се обезбедни сигурност дека не ги преминуваат границите на загаденост, вклучувајќи ги тешките метали, микроорганизмите, пестицидите и штетните афлатоксини кои создаваат габи.
Во текот на истражувањето, потенцијално штетните бактерии стафилококус ауреус укажуваа на недостиг на нивото на хигиена во која било фаза од одгледувањето, обработката или продажбата на канабис.
„Ова не значи дека целиот канабис е контаминиран“
Омен рече дека оваа мала студија е „истражувачка“ по природа и не значи дека целиот канабис во Холандија е контаминиран. Студијата заклучи дека штетата е веројатно релативно минимална во споредба со влијанијата врз здравјето од самото пушење џоинт, особено кога се комбинираат со тутун.
„Тешко е да се протолкува каква било микробиолошка контаминација што ја пронајдовме, бидејќи влијанието во голема мера зависи од имунолошкиот систем на лицето кое консумира канабис“, рече тој.
„Не очекуваме загадувачите што ги откривме значително да ги зголемат ризиците на кои некој е веќе изложен од самата употреба на канабис. Акутните ефекти може да варираат од вознемиреност и паника, до проблеми со концентрацијата кои потенцијално можат да доведат до сообраќајни несреќи, до зависност, во основа. .. „Канабисот е дрога. Ако не сакате да ризикувате по здравјето, не употребувајте дрога“.