Во јануари издадени 317 одобренија за градба, повеќето на физички лица

21

Во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23,8 % повеќе во однос на тој месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.772.690 илјади денари, што е за 28,2 % повеќе во однос на тој месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 (54,9 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15,8 %) за објекти од нискоградба и 93 (29,3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 317 објекти, на 178 (56,2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (43,8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 стана, со вкупна корисна површина од 60.471 м2.

ИЗДВОЕНИ