Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Куманово, 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид и Тополчани, еден литар на единица површина.
Како што информира УХМР, водниот талог измерен до 7 часот е 23 литри на метар квадратен во Берово, 17 во Скопје-Петровец и Виница, 12 во Прилеп, 9 во Крива Паланка и Штип, 6 во Пожаране, 5 во Крушево и Ѓуриште, 4 во Велес, 3 во Битола, Гевгелија, Попова Шапка и Пожар-Радовиш, како и 2 литри на метар квадратен во Тетово, Претор, Демир Капија и Струмица.
-Вредностите за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.
Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, наведува Управата.