Во интервјуто за „Тајм“ Трамп вели дека неговата снаа Лара би можела да ја продолжи семејната политичка династија

1729
epa11756852 Co-chair of the Republican National Committee Lara Trump gives a speech during the Conservative Political Action Conference (CPAC) in Buenos Aires, Argentina, 04 December 2024. The first CPAC is taking place in Argentina, hosted by the Argentinian president, Javier Milei, and with the participation of former Brazilian president Jair Bolsonaro, the leader of Spain's VOX party, Santiago Abascal, and Lara Trump, daughter-in-law of the president-elect of the United States, Donald Trump. EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCOROI

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сопругата на неговиот син Ерик, Лара, би можела да ја продолжи политичката династија на семејството.

Трамп ова го изјави во интервју за магазинот Тајм, кој го прогласи за личност на годината.

Лара Трамп се повлече од функцијата копретседавач на Националната конвенција на Републиканците, а некои републиканци ја повикаа да го преземе местото во Сенатот што остана празно со заминувањето на Марко Рубио од Флорида.

Таа за АП изјави дека сериозно ќе размисли доколку и биде понудена функцијата на Рубио.

Доколку се потврди изборот на Рубио за државен секретар на САД, тогаш гувернерот на Флорида Рон де Сантис ќе назначи некого на негово место во Сенатот, пишува порталот Аксиос.

На прашањето дали предвидува дека Лара може да ја продолжи династијата Трамп во американската политика, Доналд Трамп рече дека таа е одлична како шеф на Националната конвенција на Републиканците.

Новоизбраниот претседател додаде дека, кога ќе му заврши мандатот, би сакал зад себе да остави исклучително компетентни луѓе, а дека неговите синови Доналд Џуниор и Ерик се токму такви.

Трамп додаде дека неговата ќерка Иванка исто така ќе биде суперѕвезда во политиката, но дека е толку ориентирана кон семејството што ќе и ја отежне политичката кариера.

Иванка Трамп во 2022 година изјави дека повеќе не планира да учествува во политичкиот живот откако беше советник на неговиот татко за време на неговиот прв мандат, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ