Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“, која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од четврток седум дена да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци. Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“ и да не купуваат газирани пијалаци, вода и детергенти во ниту една продавница.
Советникот на платформата, Јосип Келемен, ги повика потрошувачите „да се воздржат од какви било купувања“ што вклучува продавници, трансакции со банки, телеком и нарачки преку платформи за испорака. Бојкотот треба да опфати воздржување од прекумерна потрошувачка во кафулињата, рестораните, додека патувате, бензинските пумпи и аптеките.
„Мора да испратиме порака до оние кои го предизвикуваат ова поскапување. Сакаме да испратиме пораки и до банките. Не одете во банки, избегнувајте доставувачи, и тие се дел од поскапувањето“, рече Келемен.
„Тоа ќе биде бојкот на секој облик на пазарење. Ги повикуваме граѓаните, потрошувачите, да се воздржат од какви било набавки. Затоа што овој пат гласот на потрошувачите мора да ги вклучи и оние кои малку побегнаа во петокот. Треба да се испрати порака и до оние кои делумно се причина за поскапувањата и инфлацијата, рече тој и ги повика и странските работници и пензионери да се приклучат на бојкотот.
Тој апелира и оние кои оделе во ресторани или кафулиња да се воздржат и да не потрошат ниту еден цент повеќе на тој ден.
Платформата „Ало инспекторе“ повикува и на целосен бојкот на три трговски синџири од четврток наутро до среда, 5 февруари вечер.
„Предлагаме една недела да се бојкотираат три трговски синџири и тоа „Лидл“, „Евроспин“ и „ДМ“. Апелираме потрошувачите да не одат во тие трговски центри почнувајќи од четврток, ден пред бојкотот и следната недела – рече Келемен.
Се предлага и бојкот на „кока-кола“ и други газирани пијалаци, вода и детергент за миење садови за една недела, почнувајќи од четврток. Забележано е енормно поскапување на овие артикли, рече тој.
– Ова не е напад на малопродажните синџири, туку на нивните раководства им порачуваме дека крајните цени се превисоки и неодржливи – рече Келемен.