Не се сите земји опасни, или подобро кажано, во некои, можноста нешто да ви се случи кога, на пример, шетате ноќе е апсолутно минимална. Кога патуваме, секогаш сакаме да се чувствуваме безбедно и заштитено. Иако Европа е прилично безбедна, особено во споредба со САД или некои други земји, сепак тука постојат опасности.
Популарната заедница која споделува различни статистички податоци од целиот свет, World of Statistics, објави листа на европски земји рангирани според безбедноста на ноќните прошетки – од најбезбедни до најмалку безбедни. Според таа листа, Македонија е на 17. место, што значи дека е пред многу популарни европски дестинации.
Шпанија (21 место) – која привлекува милиони посетители годишно
Германија (29 место) – најголема европска економија
Италија (34 место) – омилени земја за патување
Франција (41 место) – која е на дното на листата и покрај тоа што Париз е светска туристичка престолнина.
Инаку, на оваа листа Хрватска се најде на првото место, втора година по ред. Словенија е на второ место, Исланд на трето, Грузија на четврто, а Швајцарија на петто. Чешка го зазеде шестото место, Данска седма, а Естонија осмото.
Од балканските земји Црна Гора се најде на 11-то место, Србија на 15-то, Босна и Херцеговина (БиХ), која го зазеде 26-то место и Албанија на 30-то место се сметаат за небезбедни земји.