Во Грција почнаа „мирните часови“, ако вревите, не ви гине дебела парична казна или до пет месеци затвор

132

Голем број граѓани веќе се подготвуваат претстојните празници да ги поминат во Грција, а растат и резервациите на туристичките аранжмани за летување во таа земја. Оние кои веќе ги пакуваат куферите, треба да знаат дека на 1 април во Грција почнаа таканаречените мирни часови, што ќе траат до крајот на туристичката сезона, односно до 30 септември.

Туристите кои досега ги прекршувале, а казната што ја добиле не им била поука, треба да знаат дека сега е во примена нов Кривичен закони со кој се предвидени  многу построги казни од досега.

Таканаречените мирни часови во Грција се менуваат според летната и зимската сезона, а тогаш кога се во сила, забрането е вревење на кој било начин. Во летните мирни часови, што веќе почнаа, има два периода во кои треба да биде тивко. Според правилникот за полицијата 3/1996, часови на тишина во текот на летната сезона се дневните од 15 до 17:30 часот и ноќните од 23 до 7 часот. Овој распоред важи секојдневно од 1 април до 30 септември, покривајќи ја целата летна сезона.

Покрај летните, има часови на јавна тишина и во текот на зимата, а тие се на сила од 1 октомври до 1 април. Сатницата е следна: попладневна тишина од 15:30 до 17 часот и ноќна тишина од 22 до 7:30 часот.

За време на мирните часови строго е забрането да се прави нешто што создава бучава, а исклучоци се можни само во итни случаи, но со посебна дозвола на командантот на локаланта полициска станица и се однесуваат главно за комуналните работи. Не е дозволено свирење на музички инструменти, гласно пуштање радио, магнетофон или телевизор, потоа викање, бучно танцување и каков било друг настан кој создава бучава во станови и во приватни места. Не смее да се пее, да се вика да се свири на музички инструмент и на јавни места, на пример улици плоштади, во превозни средства. Забранети се и бучните игри во кафулињата, местата за танц или на други јавни центри, а не се дозволени ниту интензивни дискусии. Се казнува за бучни дискусии на автобуски станици, бучави при товарење и истоварување стока, употреба на сирена и други звучни сигурносни системи без вонредна состојба, вклучувајќи ја и нивната пробна работа. Што се однесува до туристите, како што пишува „Блиц“, најбитно е да знаат дека за време на мирните часови не смеат да вреват во апартманите, зашто ако некој ги пријави, може да платат казна.

Во новиот грчки Кривичен законик, предвидени се строги казни за нарушување на јавниот ред и мир. Поточно, се казнува со затвор до пет месеци и како алтернатива – со висока парична казна.

Како што е појаснето, имплементацијата на мирните часови е важна мерка за обезбедување квалитет на животот на граѓаните, во периодите кога активностите на отворено се зголемуваат, а прозорците се често отворени.

ИЗДВОЕНИ