Општина Ѓорче Петров започна со реконструкцијата на улица „Црногорска 2“, како дел од долгогодишното барање на жителите на Дексион за подобрување на инфраструктурата во овој дел на општината. По децении на проблеми со старите и оштетени патишта, жителите на Дексион конечно ќе добијат нов изглед на улиците, што ќе обезбеди подобри услови за живеење.
– Со оваа реконструкција започнуваме серија инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите за живот во целата општина. Реконструкцијата на улица Црногорска 2 е само првиот чекор во решавањето на деценискиот проблем на жителите од оваа област – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Како што беше најавено, проектот продолжува со реконструкција на вкупно 5000 квадратни метри од улиците, а во оваа фаза реконструкцијата ќе продолжи на следните улиците „Андреа Зограф“, „Љубин“ и „Александар Македонски“.
– Со овие реконструкции, Општина Ѓорче Петров не само што го решава долгогодишниот проблем со патиштата, туку и вложува во подобра и пофункционална инфраструктура, што ќе доведе до значајни подобрувања во животот на сите жители. „Градежната офанзива во Општина Ѓорче Петров продолжува. Ова е само почеток, и инвестициите ќе продолжат и во иднина – додава Стојкоски.