Во Културниот центар „Ѓорче Петров“, во неделата, се одржа Денот на словенечка потица, настан кој ги обедини жителите на Ѓорче Петров со членовите на Словенечката заедница и кој му беше целосно посветен на славењето на традицијата и на културата на Словенија.
Местото беше исполнето со мирисот на традиционалната словенечка потица, која беше
приготвена од нашите сограѓани, заедно со Словенечката заедница.
– Словенечката потица е многу повеќе од само печиво, таа е симбол на нашите заеднички вредности и сплотеноста што ја имаме. Ѓорче Петров секогаш било и ќе остане место каде што се поздравуваат и се негуваат културите, а оваа соработка ја потврдува нашата посветеност на меѓународните соработка и пријателство – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
На настанот присуствуваа и амбасадорот на Република Словенија – Грегор Прескер, заменик- амбасадорката – Ника Ротар и конзулот Мартин Глазар.