Во гаражата на Асад над 40 луксузни автомобили, меѓу нив и Ферари Ф50 вредно милиони долари/ВИДЕО

90

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва и добија азил од руските власти, пренесоа руските новински агенции, повикувајќи се на извор од Кремљ.

Новинската агенција Интерфакс цитираше неименуван извор како вели:

„Претседателот на Сирија Асад пристигна во Москва. Русија им даде (нему и неговото семејство) азил од хуманитарни причини“.

Сирискиот претседател Башар ал Асад оставил колекција луксузни автомобили во својата резиденција откако побегна во Русија поради офанзивата на џихадистите. На видеата кои се објавени на социјалните мрежи се прикажани неколку ретки примери на луксузни автомобили, меѓу кои и Ферари Ф50 чија цена е над 3 милиони долари. Во гаражата се и Ламборџини, Ролс Ројс и Бентли.

CNN пишува дека на снимката се гледаат над 40 луксузни автомобили.