Во Франција уапсен Србин со 12 идентитети

102

Припадниците на полициската станица во францускиот град Лијевен уапсиле двајца српски државјани на место на грабеж, откако биле известени од сопственикот на објектот, кој го следел грабежот преку систем за далечински надзор.

И додека во Франција не биле пријавени, по апсењето се испоставило дека еден од двајцата им бил познат на италијанските и европските власти, кои по него издале два европски налози за апсење.

Како што пренесуваат француските медиуми, и двајцата дале лажни идентитети, но по детална проверка било откриено дека еден од нив, 30-годишен маж, е осуден на четири години во Италија и користел 12 лажни идентитети во Италија и низ Европа.  Откако ќе биде сослушан пред истражен судија во Франција, ќе биде покрената постапка за екстрадиција во Италија.

ИЗДВОЕНИ