Во Франција полициски час за малолетници

105

Донесена е итна мерка со која се забранува движење на улица без возрасна придружба во периодот од 23 часот до 6 часот наутро.

Во општината Вири Шатијон во департманот Калвадос, регионот Долна Нормандија во северна Франција, денеска стапува на сила полициски час за малолетници помлади од 13 години, објавија француските медиуми.

Градоначалникот на Вири Шатијон, Жан Мари Виленин најави активирање на оваа мерка на 15 април „заради децата“ откако оваа мала општина беше потресена од насилната смрт на 15-годишниот Шемседин, кој беше претепан во април 2024 година, пишува весникот Фиагро.

– Од оваа сабота навечер, од 22:00 ч. до 6:00 часот, на малолетниците помлади од 13 години повеќе нема да им биде дозволено да шетаат сами по улиците на Вири-Шатијон. Оваа уредба не само што ќе ги заштити малолетниците, туку и ќе ги направи родителите одговорни да се погрижат нивното дете да биде дома во пропишаното време“, рече градоначалникот, центристот Жан-Мари Виленин.

Тој потврди дека малолетниците кои полицијата ќе ги затекне сами на улица, можат привремено да бидат задржани во полициска станица.

ИЗДВОЕНИ