Во Франција денеска почнува судењето на француско-полскиот режисер Роман Полански под обвинение дека ја клеветeл британската актерка Шарлот Луис, која го обвини за сексуална злоупотреба во 1980-тите.
Полански (90) се бара во Америка за силување на 13-годишно девојче во 1977 година и се соочува со неколку други обвиненија за наводни сексуални напади кои датираат од пред неколку децении и и веќе се застарени дела, a кои славниот режисер ги негираше, објави Гардијан.
Режисерот, чија долга кариера ги вклучува неговите оскаровци „Бебето на Розмари“, „Кинескиот град“ и „Пијанистот“, побегна во Европа во 1978 година.
Полански нема да се појави на суд, соопштија неговите адвокати, додека во судницата се очекува да биде присутна Шарлот Луис (56). Во 2010 година, Луис го обвини Полански дека ја малтретирал во 1983 година кога имала 16 години на кастинг за филм во Париз. Во 1986 година, таа доби улога во неговиот филм „Пирати“.
Во интервју за магазинот „Пари меч“ во 2019 година, Полански ги нарече обвинувањата на Луис „гнасна лага“. Според францускиот магазин, реисерот им покажал статија од британскиот таблоид „Њуз оф д њорлд“ од 1999 година во која Луис изјавила „Бев фасцинирана од него и сакав да му бидам љубовница.“
Луис тврди дека изјавата што ѝ ја припишуваат во статијата не е точна и поднесе туба за клевета, а според францускиот закон, Полански беш автоматски обвинет.
„Полански има право да се брани себеси јавно исто како и жената која го обвинува,“ истакна адвокатката на Полански, Делфин Мелие.
Неговиот адвокатски тим го повикал како сведок Стјуарт Вајт, авторот на статијата од 1999 година в која тој наводно опишал патот на Стјуарт „од курва до Холивуд“.