Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во несреќа во рудник во северна Шпанија, соопшти итната помош.
Локалните медиуми први јавија дека имало експлозија во рудник за јаглен.
Две лица кои исто така биле таму во моментот на инцидентот се неповредени, пренесува АП.
Управата за вонредни состојби во соопштението наведува дека за спасувачката операција мобилизирала три хеликоптери.
Претседателот на Астурија, Адриан Барбон, нареди да се прогласи дводневна жалост во таа покраина, јавува Би-Би-Си.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите.
На повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша тој на Х.