Во експлозија во фабрика за муниција во Турција загинаа најмалку 12 лица

17

Голема експлозија во вторникот наутро ја погоди фабриката за муниција во турскиот град Кавакли. Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во фабрика во северозападна Турција, соопштија властите.

Во инцидентот се повредени три лица. Станува збор за фабрика која произведува муниција.

„Дванаесет наши сограѓани загинаа во експлозија во фабрика во областа Кареши“, изјави гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу за новинскиот канал НТВ.

https://twitter.com/i/status/1871458354775970085