Во експлозија на резервоар за пропан во ресторан во западна Турција загинаа пет лица, а 63 се повредени/видео

414

Во експлозија на резервоар за пропан во ресторан во градот Измир на западот на Турција денеска загинаа пет лица, а 63 се повредени, соопштија властите.

Безбедносните камери ја снимија експлозијата, која ја опустоши улицата и предизвика мала штета на околните згради.

 

 

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи објави дека десетици спасувачи веднаш се испратени на местото на настанот.

Гувернерот на Измир Сулејман Елбан ги посети повредените во болница и соопшти дека 40 од нив веќе се пратени дома.

Властите уапсија еден осомничен кој можеби е одговорен. Човекот го заменил резервоарот за пропан со нов во саботата.