Во Дубаи чоколадо пронајден штраф, повлечена од продажба целата серија во БиХ

1681

Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина соопшти дека од пазарот се повлекуваат „Дубаи“ чоколадите, произведени во Турција, откако потрошувач пријавил дека во едно од нив пронашол штраф.

„Врз основа на информациите за мерките преземени од кантоналната управа за инспекциски работи на кантонот Уна-Сана и Кантоналната управа за инспекциски работи на кантонот Тузла, Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина ги информира потрошувачите за повлекувањето и отповикувањето на чоколадото „Росо Бјанко Дубаи чоколадо со потекло од Турција“, наведува Агенцијата.

Оттаму соопштуваат и дека причина за повлекувањето и отповикувањето е дека во производот е утврдено присуство на туѓо тело (шраф), кој во промет бил ставен преку автомат за топли и ладни пијалоци со прехранбени производи, од страна на стопанскиот субјект со храна Piksel d.o.o., Ќоралиќи бб, Казин.

Основа за акцијата беше извештај од потрошувачи, а се работи за серија чоколади со датум на производство 9.1.2025 година година, со рок на траење до седмиот месец наредната година (Лот: 5009 А НЕТО 35 g).

Надлежните институции ги повикаа потрошувачите на претпазливост додека трае процесот на повлекување на чоколатцата од пазарот.

ИЗДВОЕНИ