Комората треба да се фокусира на иницијативата за автоматизација на процесите во администрацијата, за дигитализација на државните услуги и за модернизација на компаниите. Македонија не смее да заостанува и мора да се создадат поволни услови за примена на модерните технологии и на дигиталните решенија во малите, средните и во големите претпријатија, смета Антонио Аргир, член на Управниот одбор на групацијата НЛБ, одговорен за управувањето, плаќањата и за иновациите во неа, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески..

– Преку дигитализацијата гледам спас во сузбивањето и на корупцијата и на сивата економија. Со дигитализација и на услугите и на плаќањата се сузбиваат можностите за сива економија и за корупција, кои се рак-рана на општеството, истакна Аргир

 

– Стопанската комора мора да продолжи да биде силна поддршка на големите, особено на извозно ориентираните компании, кои директно влијаат врз растот на економијата. Тоа отвора нови можности за развој на малите и средни компании, што води кон поразвиена и постабилна клима и кон повеќе вработувања, вели Антонио Аргир, член на Управниот одбор на групацијата НЛБ, одговорен за управувањето, плаќањата и за иновациите во неа, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

– Комората треба да биде мост помеѓу компаниите и државата. Ние не сме опозиција на Владата, туку треба да идентификуваме било кај нас, било во Комората било во Владата што е тоа позитивно што треба да го направиме и да работиме на тоа – потенцираше Аргир и истакна дека Комората треба да остане моќен поборник против сивата економија и корупцијата преку носење конкретни и храбри предлози за законски измени во прилог на градењето транспарентна бизнис-клима, во која сите ќе имаат исти можности.

Во продолжение на поткастот, Аргир смета дека Комората треба да иницира и да создава услови за подобрување на човечкиот капитал и за справување со недостигот од квалификувана работна сила. За него, значајна улога има едукацијата на младиот кадар во согласност со реалните потреби на стопанството.

– Државата мора да му посвети поголемо внимание на образованието, а прави споредба и со образованието во Словенија, која многу вложува во него. Треба да се воведуваат нови стандарди и методи и да не се прекинува со учење, туку да се вложува во доживотно учење. Со поддршка на континуираното учење човекот се надградува, совладува нови методи, ги следи светските трендови во однос на бизнис-моделите и ѝ овозможува на сопствената компанија да биде поконкурентна на пазарот – вели Аргир и додава дека во фокусот на едукацијата во иднина, треба да бидат новите генерации и новите типови на бизниси.

Зборувајќи за дигитализацијата, тој потенцираше дека таа е неопходност, а не избор. Комората треба да се фокусира на иницијативата за автоматизација на процесите во администрацијата, за дигитализација на државните услуги и за модернизација на компаниите. Македонија не смее да заостанува и мора да се создадат поволни услови за примена на модерните технологии и на дигиталните решенија во малите, средните и во големите претпријатија.

– Преку дигитализацијата гледам спас во сузбивањето и на корупцијата и на сивата економија. Со дигитализација и на услугите и на плаќањата се сузбиваат можностите за сива економија и за корупција, кои се рак-рана на општеството – истакна Аргир.

ИЗДВОЕНИ