Додека Македонија е во денови на жалост, целата земја е завиена во црно, во тага и болка поради трагедијата во Кочани некому му дошло до огномет.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од огномет кој е испукан вечерва во Скопје. Како што пренесоа некои медиуми наводно се работи за огномет на приватна забава која ја правел малолетник во кафуле во Градскиот парк.
Граѓаните се изненадени од чинот на непознатиот сторител и очекуваат реакција на МИнистерството за внатрешни работи.