Во Делчево е спровдена координирана акција и инспекциска контрола и надзор во два угостителски објекти – воочени одредени недостатоци

56

Во два угостителски објекти во Делчево денеска беше спроведена координирана акција на инспекциска контрола и надзор од страна на Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување, како и државните инспекторати и дирекции.

Како што се вели во соопштението за денешната акција, од страна на инспекторите во вршењето на контролата и надзорот биле воочени одредени недостатоци, согласно одредени законски правилници и регулативи, пред се во недостаток на техничка документација.

Притоа изречена е усна забрана за работа на објектите, за која согласно закон ќе следи и писмено решение, се до отстранување односно обезбедување на утвредените недостатоци на објектите, согласно законските регулативи и правилници за работа.

При контролата изречени се и платни прекршочни налози (казни), за соодветните недостатоци утврдени при инспекцискиот надзор и контрола.

Од страна на правното лице СО СИНКОТО ДООЕЛ и 2та објекта, PUB Делчево и хотел ресторан МОНОПОЛ’о најавија дека утврдените недостатоци од страна на државните инспектори, во целост ќе бидат отстранети и обезбедени согласно укажувањето, а платните прекршочни налози ќе бидат уплатени на трезорската сметка на НБРМ во изречениот рок.

Оттаму изразија благодарност на ОСЛ од ОВР Делчево, државните инспектори и КРИМ полиција, за коректниот однос, како и професионалниот пристап и комуникација.

ИЗДВОЕНИ