Во Дексион ќе се гради нова градинка

12

Дексион ќе добие нова градинка. Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика и демографија и млади потпишаа договор за нејзина изградба.

Во новата градинка која ќе чини 82 милиони денари ќе можат да се згрижат 120 деца од општината.

Градинката ќе биде изградена на површина од 900 квадратни метри и ќе понуди современи услови за раниот развој и подготовка на децата за училиште. Проектот е дел од одлуката на Владата да се доделат средства за капитални инфраструктурни проекти, а се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика и демографија и млади.

-Продолжуваме со реализација на проектите за подобрување на условите за нашите најмлади. Оваа детска градинка е уште едно исполнето ветување кон граѓаните на Општина Ѓорче Петров, а нашата посветеност на раниот развој на децата ќе продолжи и во иднина – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски

Паралелно, во Општина Ѓорче Петров се реализираат и други проекти во оваа област. Во тек е изградбата на детска градинка во населено место Стопански двор, а започнати се подготовки за нови градинки во Александрија и Ново Село.

ИЗДВОЕНИ