Според информациите од мерните станици на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, утринава на места во Црна Гора се измерени сибирски температури на воздухот, при што најстудената температура во Косаница изнесувала минус 27,7 степени Целзиусови.
Во Косаница кај Плевља синоќа во 22 часот температурата на воздухот е измерена на 20,6 степени Целзиусови, додека утринава во 6 часот достигна минус 27,7 Целзиусови степени.
Рекордно ниска температура од минус 24,8 степени е забележана кај Његовуѓа кај Жабљак, додека во Жабљак во 06:20 часот температурата била минус 16,9 степени.
Во Плевља во 6 часот и 20 минути температурата на воздухот изнесувала минус 14,6.