Во четврток ќе се знае по која цена ќе се откупува реколтата

34

Во тек се преговорите помеѓу тутунарите и откупувачите како и по која цена ќе се откупува тутунот. Понудените цени им се познати на Сојузот на тутунски здруженија, но законски не смееле да ги откриваат сè до четврток, кога јавно ќе ги соопштеле.

Тутунарите бараат и повеќе законски измени со кои ќе се забрани увоз на ароматичен суров тутун, како и враќање на ингеренциите на Сојузот, за договарање на цените. Бараат и измена на член од Законот за полагање за добивање на лиценци не само на носителите на стопанството, односно на договорот, туку и на потесното семејство.

Исто така, тутунарите бараат и враќање на откупот во класи, а не како годинава се во една класа, но и тоа не се знае дали ќе се постигне.

Досега се откупени 24.163.000 килограми на тутун по просечна цена од речиси 400 денари.

Според Сојузот на тутунари имало уште 40-тони неоткупен тутун, но сега откупувачите започнале да купуваат само сув тутун.

ИЗДВОЕНИ