Во чест на светиот отец: Камбаните на Нотр Дам ѕвонеа 88 пати, Ајфеловата кула вечерва ќе ги изгасне светилките 

731
epa11762089 The facade of the Notre Dame de Paris cathedral, ahead of its official reopening ceremony, in Paris, France, 07 December 2024. The Notre Dame de Paris Cathedral reopens on 07 December after nearly six years of renovation work following its destruction by a fire on 15 April 2019. EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

За папата Франциск во катедралата ќе се служат две миси, напладне и во 18 часот, а во 19 часот ќе се одржи молитвено бдение, според истиот извор.

Ѕвоната на катедралата Нотр Дам во Париз во понеделникот во 11 часот ѕвонеа 88 пати во спомен на папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, а Ајфеловата кула вечерта ќе ги изгасне светлата во негова чест. Осумдесет и осум удари за 88 години живот“, соопшти прес-службата на катедралата.

За папата Франциск во катедралата ќе се служат две миси, напладне и во 18 часот, а во 19 часот ќе се одржи молитвено бдение, според истиот извор. Внатре во катедралата е поставен голем портрет на папата.

Ајфеловата кула вечерва ќе ги изгасне светлата во чест на папата Франциск, изјави градоначалничката на Париз, Ан Идалго, додавајќи дека ќе предложи да се именува место во градот по него.

Во изјавата, Идалго ја поздрави „посветеноста на Папата за црква која допира до најранливите“, неговото ставање на „екологијата во центарот на духовните и социјалните грижи“ и неговото застапување за „прием на бегалци“.

Папата Франциск почина во понеделник наутро во Ватикан на 88-годишна возраст.

ИЗДВОЕНИ