Во чест на починатиот Војче Китаносвки на 19 октомври ќе се постави спомен биста

70

Здружението „Акцијаши“, на 19 октомври ќе ја одбележи првата годишнина од смртта на естрадниот уметник, хуманист и акцијаш Војче Китаноски. По тој повод во Клубот на акцијашите во Скопје, кој се наоѓа пред општината Гази Баба и го носи неговото име ќе биде откриена спомен биста со неговиот лик.

Генералниот секретар на Сојузот на акцијаши на Македонија, Сашо Јовановски, информираше дека свеченоста ќе започне во 11 часот. Спомен бистата на Војче Китановски, според очекувањата на Јовановски ќе биде готова во периодот меѓу 1 и 10 октомври.

– Спомен бистата ја прави ликовен уметник од Кочани. Во чест на Китановски се надеваме дека ќе направиме и мала изложба од негови естрадни фотографии, акцијашки фотографии. Со оглед на тоа што целата негова покуќнина, облека, како што е шинелот со кој го глумеше Тито, видео и аудио касети е во клубот на „Акцијаши“, имаме идеја, доколку успееме да ја реализираме,  таа да се постави во посебна соба во Домот на АРМ – истакна Јовановски. 

Средствата за изработка на бистата здружението „Акцијаши“ ги собраа организирајќи два донаторски концерта на кои учествувале и познати естрадни уметници, од кои еден во Скопје, во Домот на АРМ и еден во Велес, во салата на училиштето „Блаже Конески“. Освен тоа, донации собрале и од поединци, фирми

 (А.П.)