Во болници во Хрватска забранети се посетите поради зголемениот број на заразени со корона вирусот

135

Во некои жупании во Хрватска забранета е посетата во болниците поради зголемениот број на заразени со корона вирусот, а професор д-р Златко Тробоњача од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Риека вели дека ништо драматично не се случува.

„Бројот на новозаразени сега се следи на седум дена, а не на дневна основа, како што беше претходно. Станува збор за неколку стотици заразени на седумдневна основа. Тоа зголемување започна на почетокот на јуни “, рече имунологот во гостувањето на ХРТ.

Тој вели дека тоа се случило поради зголемениот број туристи и дека е логично посетите во болниците да се ограничени поради зголемувањето на бројот на болни.