Во Белград запленет кокаин вреден милион евра

205
Фото: MUP Srbija

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, во соработка со полициските службеници на полициската управа Чачак и на Полициското одделение за град Белград, ПС Вождовац и на Вишото јавно обвинителство во Ужице го уапсиле М.П.(37). и М.Б.(55), бидејќи во објектите кои ги користеле пронашле 8,5 килограми кокаин.

Тие се сомничат за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, соопшти српското МВР.

Полицијата при примопредавање на 100 грама кокаин ги уапсила М.П. и М.Б. 160.000 динари, како и повеќе патнички моторни возила.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.