Во Белград уапсен свршеникот на пејачката Милица – хрватскиот бизнисмен е сомнителен поради скапоцениот прстен

1653

На балканската естрада во моментов врие! Уапсен е свршеникот на многу популарната српска пејачка сексапилната Милица Тодоровиќ. Тој е од Хрватска, а ова не е првпат да бидат уапсени во Србија некои личности од Хрватска кои имаат директна или индиректна врска со естрадата. По спектакуларното апсење на Северина, сегашново апсење на овој хрватски бизнисмен, свршеникот на Милица уште повеќе долева оган на масло!

Наводно, Интерпол по него распишал налог за апсење, а по овој повод  најблиска соработничка на пејачката, Бобана Живановиќ, даде изјава: – Иако не сум се слушнала со Милица, а ќе ѝ се јавам подоцна, засега не знам дали е тоа вистина или не, или, пак, новинарска лага, само за да се направи ваков медиумски скандал. Како и да е Милица ќе остане без коментар во врска со оваа напната ситуација.

Инаку, свршеникот на Милица Тодоровиќ е приведен во елитната белградска населба, каде што живее со Милица. Целата оваа непријатна ситуација се случува веднаш по приказните дека Милица од свршеникот добила скапоцен прстен од 150 илјади евра. Сите заинтересираа за тоа, прашувајќи се од каде му се парите на свршеникот? Веројатно дека оваа висока цена паднала и во очите  на српската полиција која по бизнисменот од Хрватска распиша потерница преку Интерпол.

Инаку, згодната Милица неодамна настапувала во еден ноќен клуб во Загреб, а на настапот ја придружувал и нејзиниот свршеник.

Но како што велат присутните на настапот дојде и полицијата, но ништо не презеде, туку полицајците само мирно посматраа.

По концертот во клубот, Милица го запознала во Загреб и семејството на нејзиниот хрватски свршеник, и сите биле воодушевени со идната српска снаа. Наредниот ден се шетаа низ хрватската метропола, но ненашминкана пејачка никој не ја препознал.      Таа тоа го сакаше бидејќи ѝ беше потребен душевен мир.    Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ