Во Австралија за нацистички поздрав ќе се оди во затвор

16

Австралискиот парламент донесе нови закони со кои ќе се казнува употребата на нацистички поздрави и симболи. За такво однесување предвидена е затворска казна од една до шест години, која не може да се замени во условна.

Нацистичкиот поздрав автоматски носи минимум една година затвор, а финансирањето тероризам е со минимална казна затвор од три години, додека оние кои се осудени за планирање или извршување терористички напади ќе добијат најмалку шест години затвор.

Забраната за нацистичкиот поздрав и симболите на омраза беше воведена во Австралија уште во јануари 2024 година, со казна затвор до една година. Но, со последните измени на законот оваа затворска казна сега е задолжителна, без можност за условна.

Овие промени доаѓаат по неколку сериозни антисемитски напади во Австралија во последните месеци.

 

ИЗДВОЕНИ