Во Авганистан и мажите не се изземени од казни: Се апсат поради фризурите и не пропуштање молитви во џамија  

59

Авганистанската морална полиција апси мажи поради „неправилни фризури“ и пропуштање на молитви во џамиите за време на Рамазан, се вели во извештај на ОН.

Според извештајот на Мисијата на ОН во Авганистан, за првите шест месеци од спроведувањето на законите со кои се регулира однесувањето на граѓаните, повеќе од половина од уапсените биле „мажи кои немале соодветна должина на брада или фризури, како и фризери кои не ги потстрижувале косата и брадата во согласност со исламските правила“.

Во извештајот се посочува дека полицијата на моралот приведувала луѓе „произволно, без соодветна постапка и правна заштита“. Министерството за пороци и доблест минатиот август донесе закони со кои се регулира секојдневниот живот, вклучувајќи јавен превоз, музика, бричење и прослави. Најзначајно е тоа што Министерството забрани гласовите на жените да се слушаат во јавноста и нивните лица да бидат целосно покриени.

Мисијата на ОН соопшти дека ваквите мерки ги погодиле двата пола, а особено луѓето со мали бизниси како приватни образовни центри, бербери и фризери, кројачи, угостители за свадби и ресторани, што доведува до намалување или целосно губење на приходите и можностите за вработување. ОН сметаат дека спроведувањето на законот најверојатно ќе ја влоши тешката економска ситуација во Авганистан.

Студија на Светска банка проценува дека владината забрана на жените да одат на училиште и да работат може да ја чини земјата повеќе од 1,4 милијарди долари годишно.

Талибанскиот лидер Хибатула Акунзада го истакна приматот на исламскиот закон и улогата на Министерството за порок и доблест во реформирањето на општеството. Повеќе од 3.300 инспектори, главно мажи, имаат задача да ги информираат граѓаните за законот и да го спроведуваат. Во пораката пред неодамнешниот празник Рамазан Бајрам, Ахунзада рече дека е неопходно „да се воспостави општество ослободено од корупција и да се спречат идните генерации да станат жртви на погрешни верувања, штетни практики и лош морал“.

 

ИЗДВОЕНИ