Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј прогласи седумдневна национална жалост поради смртта на папата Франциск, соопшти денеска Претседателството на земјата.
„Претседателот прогласува седумдневна жалост поради смртта на светиот отец“, изјави портпаролот Мануел Адорни во кратката порака на мрежата Икс.
Папата Франциск, аргентински папа, почина денеска на 89-годишна возраст.
Претходно, претседателот Милеј во порака на мрежата Икс изрази длабока тага поради веста за смртта на папата и ја поздрави добрината и мудроста на Папата и покрај разликите, кои, како што рече, денес изгледаат ситни.
„Како претседател, како Аргентинец и во суштина како човек со вера, го поздравувам Светиот Отец и стојам со сите оние кои денес се соочуваат со оваа тажна вест“, рече Милеј.
За време на годините како економист, ултралибералниот аргентински претседател постојано изразуваше жестоки критики, дури и навреди, упатени кон папата Франциск, кого, меѓу другото, го нарече левичар, злобна личност и имбецил.
Подоцна, Хавиер Милеј значително го намали тонот кога беше избран, тој се извини пред да биде срдечно примен во Ватикан едвај два месеци по преземањето на претседателствувањето во февруари 2024 година, што беше помирување со папата што беше широко покриено во медиумите.