Полицијата во Сасекс соопшти дека четири 16-годишни момчиња и две 15-годишни момчиња, сите од областа Чичестер, биле уапсени под сомнение за силување и ослободени со условна кауција, што значи дека мора да ги следат правилата поставени од полицијата додека трае истрагата.
Полицијата ги повикува сите што биле сведоци на нападот да се јават.
Детективката Џема Малој рече дека „15-годишното ранливо девојче побарало помош од јавноста пред да го пријави случајот во полиција“.
„Ова беше ужасен напад врз ранлива жртва и ние сме свесни за загриженоста што тоа ќе ја предизвика во заедницата. Бараме секој кој има какви било информации да се јави бидејќи сакаме да ги утврдиме точните околности“, рече таа.