Уапсени се 15 лица, меѓу кои и актуелниот градоначалник на Обреновац и поранешниот в.д. директор на ЕПС, изјави на прес-конференција главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград Ненад Стефановиќ.
„Одделот за криминалистичка полиција на српското Министерство за внатрешни работи, по наредба на специјалниот оддел за борба против корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, уапси вкупно 15 осомничени, меѓу кои и актуелниот градоначалник на Обреновац и поранешниот вршител на должноста директор на Електростопанство Србија“, изјави Ненад Стефановиќ.
Против овие лица ќе се води истражна постапка поради постоење основи на сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување во врска со јавна набавка за јавното претпријатие ЕПС и го оштетиле тоа јавно претпријатие за повеќе од еден милион евра, за што прибавиле противправна материјална корист, додаде тој.
„Некои од обвинетите се товарат и за давање и примање поткуп во вид на парични подароци со кои дополнително се прикривало извршување на кривичното дело перење пари. „Обвинителството ќе нареди и покренување финансиска истрага против осомничените и поврзаните со нив“, додаде Стефановиќ.
Обвинителството, додава тој, ќе нареди и покренување финансиска истрага против осомничените и лицата поврзани со нив.
„Ова е само почеток на големата најавена кампања за сузбивање на корупцијата и во наредните денови очекувам натамошна имплементација, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, заклучи тој.