Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанции во 30 земји, соопшти телото Европол.
Повеќе од 400.000 пакувања нелегални фармацевтски производи, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите, спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на „Европол“. Вкупните заплени на операцијата наречена „Шилд В“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот. Запленет е широк спектар на лекови, вклучувајќи лекови против болки, лекови за рак, допинг супстанции, хормони и психотропни лекови.
Операцијата беше предводена од француските, грчките, италијанските и шпанските власти, а координирана од Европол. Според Европол, во рамките на операцијата биле истражени вкупно 52 организирани криминални групи.
Агенцијата забележа дека социјалните медиуми, онлајн пазарите и темната мрежа се во центарот на трговијата со фалсификувани фармацевтски производи.