Во 89-тата година од животот, почина шаховскиот велемајстор Борис Спаски

277
Спаски беше светски шампион од 1969 година до 1972 година. Три пати се бореше за титулата светски првак (1966,1969 и 1972).
Неговиот меч со Роберт Фишер во 1972 година е прогласен зе „меч на векот“, остана запаметен во шаховската историја.
Спаски имаше право да го напушти дуелот и да биде прогласен за светски шампион со резултат 2:0. Тој одлучи да продолжи, а Фишер на крајот ја освои титулата.
Роден е во Ленинград,  денешен Санкт Петербург, во 1937 година.
Емигрира во Франција во 1976 годин, а во 1978 година стана француски државјанин.
Спаски во 2012 година ја напушти Франција и се врати во Русија.

ИЗДВОЕНИ