Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Велс, што вечерва се игра на Арената Тоше накратко беше прекинат во 59-тата минута во спомен на жртвите од Кочани, по што следеше аплауз од публиката и играчите.
Претходно, целата арена „Тоше Проески“ во еден глас ја пееше македонската химна, а веднаш по интонирањето на националните химни, пред првиот судиски свиреж имаше и минута молк во чест на загинатите.