Во 2024 година, Индонезија е најтопла земја откако се мери температурата

33
Фото:пекселс

Метеоролошката служба на Индонезија соопшти денеска дека земјата во 2024 година била најтопла откако се мери температурата.

Просечната температура во 2024 година во Индонезија изнесувала 25,5 степени Целзиусови, што е за 0,8 степени повеќе од просекот меѓу 1991 година и 2020 година, се наведува во соопштението Метеоролошките и киматолошките агенции на Индонезија.

Индонезија и понатаму во голема мера се потпира на фосилни горива, кои се еден од главните прчинители за глобалното затоплување.

Кина и Индија исто така ја забележаа 2024 година како најтопла година во последните  неколку децении.

„Климатсктие промени предизвикаа во 2024 година временски услови и до сега највисоки забележани температури“, соопшти Светската метеоролошка организација на Обединетите нации.

 

ИЗДВОЕНИ