Скандал во полска црква: Свештеникот не сакал да одржи погреб, го гаѓал внукот на покојната со пликот со пари, малку му биле

151
Foto: Pexels

Полјакот П.Х., упатил обвиненија против свештеникот од локалната црква, а откако тој го посетил поради смртта на неговата баба, неколку дена пред Божиќ.

Тој тврди дека заедно со сопругата побарал од свештеникот да направи погреб, кога му било кажано дека „луѓето плаќаат 800 злоти (околу 190 евра) за погреб“, пренесува Факт.

„Мојата баба беше верник“
„Мојата баба беше верник. Сè додека и дозволуваа нозете, таа одеше во црква секоја недела. Подоцна можеше да гледа миси само на телевизија, но секогаш срдечно го пречекуваше свештеникот“, изјави тој за локалните медиуми.

Кога му се обратил на парохискиот свештеник и станало збор за цената, неговата сопруга побарала објаснување дали се работи за „стандарден ценовник“ или граѓаните се оставени на своја волја да дадат колку можат, или сакаат.

„Тогаш почна да вика и ни рече да си одиме“, рекол А.Ј., додавајќи дека неговото семејство тогаш немало пари.

Нашол друг свештеник
Два дена подоцна, вели тој, повторно отишол кај свештеникот и му дал плик со 400 злоти.

Одеднаш истрча по мене, ми го фрли пликот и ми рече да најдам „друга будала што ќе ја закопа баба ми““, тврди овој Полјак.

Тој вели дека бил принуден да најде друг свештеник, па морал да оди во парохија оддалечена 25 километри од нивната.

„Се согласив бидејќи така налага човештината. Луѓето кои изгубиле близок дојдоа и опишаа што им се случило“, рече свештеникот кој сакаше да остане анонимен.

„Ќе го тужам за клевета“
Новинарите стапиле во контакт и со парохискиот свештеник кому најпрво му пришол внукот на починатиот.

„Им кажав дека кога организираме погреб го водиме црковниот персонал, опремата ја носиме на гробиштата, организираме се. Впрочем, и јас треба да платам за услугите на тие луѓе. Овој господин се однесуваше со мене неправедно. Ако биде вака, ќе го тужам на суд за клевета“, најави тој.

Црковните власти наведуваат дека не се официјално известени за овој случај и нема да поведат истрага додека тоа не се случи. Внукот на починатиот најавува дека наскоро ќе поднесе пријава.

ИЗДВОЕНИ