Внимавајте на боровиот четник, опасен е и за луѓето и за кучињата

135

Од Здружението за заштита на животните „Срце за животните“ ги предупредуваат граѓаните кога шетаат со своите домашни миленици кучиња на Водно, во парк-шумата „Гази Баба“ или секаде каде што има борова шума, да внимаваат да не дојдат во допир со боровиот четник и доколку се случи тоа, веднаш да се јават на лекар.

– Последиците од допирот со боровиот четник за кучињата се страшни. Може да предизвикаат сериозни алергиски реакции, со ризик да го задуши животното. Симптомите се: хиперсаливација, црвенило на устата, како и едем на јазикот и на првиот респираторен тракт – велат од „Срце за животните“.

Оттаму додаваат дека ако куче допре или изеде ваков инсект, неопходно е веднаш да се исплакне на јазикот и на носот со ладна вода и потоа итно да се однесе на ветеринар.

– Јазикот може да претрпи неповратно оштетување и ако проголтало животното ваква гасеница, постои ризик од некроза на желудникот со можен фатален исход – потенцираат од Здружението.

 

ИЗДВОЕНИ