Внесете го во домот во пресрет на Велигден: Цвеќе кое им носи мир и среќа на домашните

115

Многу култури го забележале дарувањето јајца како симбол на нов живот, вклучувајќи ги и староегипетската, старогрчката, персискатаи староримската… Сепак, јајцата не се единствената важна работа на трпезата.

Во духот и симболиката на пролетта и повторното раѓање, и цвеќето има значајно место во празнувањето на Велигден.

Овие цвеќиња  се издвојуваат.

Крин
Познато е дека крин е симбол на чистота, убавина и невиност, а соодветно на тоа и на Божјата благодат и воскресение. Овие цвеќиња често се поврзуваат со мајчинството и плодноста.

Лале

Лалињата обично се поврзуваат со богатство, слава и амбиции, па многу луѓе ги подаруваат кога сакаат да му го донесат ова на некој близок. Ако го внесете во вашата куќа на Велигден, ќе добиете важен симбол на успех.

Момина солза

Момината солза често се смета за симбол на враќање на среќата и чистотата на срцето. Задолжителен е во домовите, бидермаерите и „обичните“ букети во пролетните денови, а во минатото имаше важно место и во паганските ритуали, пишува Глоси.

ИЗДВОЕНИ