Јодот е есенцијален минерал кој игра клучна улога за здравјето, а неговиот недостаток може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Еве ги петте најважни факти за тоа како јодот влијае на здравјето:
1. Го поддржува правилното функционирање на тироидната жлезда
Јодот е неопходен за производство на тироидни хормони, како што се тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Овие хормони регулираат многу витални функции во телото, вклучувајќи метаболизам, енергија и раст. Недостатокот на јод може да доведе до намалување на производството на овие хормони, предизвикувајќи состојба позната како хипотироидизам (намалена активност на тироидната жлезда), што може да предизвика замор, зголемување на телесната тежина и други симптоми.
2. Недостатокот на јод за време на бременоста може да има сериозни последици и за мајката и за бебето
За време на бременоста, јодот е исклучително важен за здрав развој на фетусот. Недостатокот на јод кај трудниците може да доведе до ментални нарушувања и намалени когнитивни способности кај децата. Затоа адекватен внес на јод е особено важен за време на бременоста и раното детство.
3. Поврзано со емоционалното здравје
Тироидните хормони, кои се регулирани со јод, играат клучна улога во менталното здравје. Недостатокот на јод може да предизвика симптоми на депресија, анксиозност и намален интерес за секојдневните активности. Тоа може да доведе и до ментална ретардација и проблеми со концентрацијата.
4. Јодот влијае на нашиот имунитет со тоа што ги отстранува слободните радикали и ги штити клетките од оксидативен стрес. Покрај тоа, ја стимулира активноста на другите антиоксиданси во телото
5. Јодот има одлични антибактериски, антивирусни, антигабични и антипаразитски својства
Дневната препорачана доза на јод од СЗО е 150-300 микрограми. Многу научници не се согласуваат, бидејќи оваа пресметка се заснова само на потребата на тироидната жлезда од јод за да се избегне гушавост.
Д-р Гај Абрахам, професор по акушерство, гинекологија и ендокринологија на Медицинскиот факултет UCLA, предлага да се зголеми дневниот внес на јод до 13 милиграми, што би било еднакво на количината што ја консумираат Јапонците.
Човечкото тело не може да произведува или складира јод, па затоа е неопходно да се внесува секојдневно. Таквиот внес е многу покорисен отколку кога се користат додатоци. Најдобри диететски извори на јод се морските алги, морската риба и морските плодови.
Убавината и здравјето доаѓаат одвнатре, многу е важно што внесувате во организмот со храната и водата.