Словачката скијачка Петра Влхова, актуелната олимписка шампионка во слалом, нема да учествува на претстојното Светско првенство во Залбах, бидејќи не е доволно закрепната од повредата на коленото, соопшти нејзиниот тренер.
- Се чини дека закрепнувањето на Петра е на добар пат, со охрабрувачки напредок од ден на ден. Сепак, неуспесите во декември и јануари, за жал, ги загрозија нејзините шанси да се натпреварува на Светското првенство во Залбах, рече Мауро Пини, тренерот на 29-годишната скијачка.
Пини додаде дека има надеж дека Влхова ќе се бори за нови медали во Австрија, но дека сега се насочуваат кон подготовките за следната година и Зимските олимписки игри во Кортина Д‘Ампецо.