Словачката скијачка и актуелна олимписка шампионка во слалом, Петра Влхова, се раздели од италијанскиот тренер Мауро Пини, објави нејзиниот тим.

  • Се договоривме да се разделиме, што ќе му овозможи да ја продолжи тренерската кариера без ограничувања – се вели во соопштението на тимот.

Една од најдобрите скијачки е надвор од конкуренција поради повреда откако ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, на трката во велеслалом од Светскиот куп во јануари 2024 година.

  • Од суштинско значење е да има време за целосно закрепнување, со соодветни третмани, без никаков надворешен притисок – истакна Пини.

ИЗДВОЕНИ